потаму
Види и:
понатаму (прил.)
Вид збор: Прилог
Ранг: 2519
1.
Со просторни значење - во определен правец, понапред, подалеку.
Англиски:
further
Не сакаат да погледат потаму од носот.
Зад реката се касарните, а уште потаму голите и сиви ридови.
2.
Со временско значење - подоцна, во иднина.
Англиски:
further
Јас веќе не ти можам ништо, потаму останува на тебе.
Народната песна ќе се чувствува и потаму во неговите поетски текстови.
3.
веќе, повеќе
Англиски:
more
Тој кимна со главата и не смееше потаму да праша за таа работа.