а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

последователен

последователни
Вид збор: Придавка
Ранг: 10197
1. Што следува непрекинато едноподруго, што се извршува по определен редослед.
Англиски: consecutive
Примери:
Тие глаголи изразуваат дејство во неговото одвивање, во неговото последдователно вршење.
2. Што се извршува според определена закономерност, што дејствува според некаква логика, без внатрешни противречности.
Англиски: logical
Примери:
последователна политика
Нивното признавање и последователната обработка на една вистинска типологија е неопходен услов за познавањето на текстот.
3. Што неотстапно следи определени принципи.
Англиски: consistent
Примери:
Тој беше последователен борец за слобода.