а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

порта

мн. порти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 902
1. Голема дворна (куќна) врата откај улицата.
Англиски: entrance Албански: portë
Примери:
Тропна портата во дворот и тој излезе во тремот.
Излегуваше често на порта и правеше муабет со жените.
2. Влезна, обично голема врата на градски бедем или на некаков поголем објект.
Англиски: gate Албански: portë, hyrje
Примери:
На другата страна од улицата беше широка порта на тутунската фабрика.
Широко се отвори градската порта.
Ги стокми големите поли од портата манастирска.
Изрази
Висока порта (Портата) - (истор.) дипломатски назив на владата на Османлиската Империја.
Триумфална порта - градба во вид на лак подигната во чест на некоја голема победа, триумф.
Изведенки
1. порте ср.
мн. портиња
дем.
2. портичка ж.
мн. портички
дем.