поразмрзне
Види и:
размрзне (св.)
поразмрзнат; поразмрзни, поразмрзнете, поразмрзнав, поразмрзнаа, поразмрзнал, поразмрзнат, (ќе) поразмрзнев, (ќе) поразмрзнеа, (ќе) поразмрзнел
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Размрзне, растопи малку, во некој степен или уште малку.
Сонцето го поразмрзна мразот на улицата.
Слично со:
растопи (св.)
2.
(се поразмрзне) Се размрзне малку, во некој степен или уште малку.
Реката се поразмрзнала.