поразлее
Види и:
разлее (св.)
поразлеат; поразлеј, поразлејте; поразлеав, поразлеаја; поразлеал; поразлеан; (ќе) поразлеев, (ќе) поразлееја; (ќе) поразлеел; поразлеен
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Разлее, истури течност од сад (обично поради невнимание).
Примери:
Тој внимаваше да не ја поразлее водата од чашата.
Слично со:
истури (св.)
2.
Преточи, налее малку од нешто во неколку садови.
Примери:
Таа им поразлеа од сокот во чашите, па го раствори со вода.
Слично со:
преточи (св.)
3.
За река - излезе од корито малку, во некоја мера.
Англиски:
spill over
Албански:
derdh
Реката поразлеа и ги потопи блиските ниви.
4.
Исипе во калап, растопи малку, во некоја мера.
Примери:
Тој го празлеа металот во калап.
Слично со:
исипе (св.)
6.
(се поразлее) Се разнесе, се рашири во различни правци.
Примери:
Мелодијата се поразлеа низ ноќната тишина.
Насекаде се поразлеа мирисот на липите.
Изведенки
поразлева несв.
(се) поразлеваат
(се) поразлеваат