пораз
Вид збор: Префикс
1.
(порас- пред безвучна согласка) Усложнет префикс (сп. по- и раз- / рас-) што означува дека е дејството на првично префиксираниот глагол извршено малку, во мала / некоја мера, во некој степен или уште малку.
поразгради, пораздвижи, се пораздени, поразмисли, поразувери, порасече, порашири
2.
Означува дека извршувањето на дејството на првично префиксираниот глагол има дистрибутивно обележје, т.е. опфаќа множество, многумина, сите (до еден).
поразмести, поразболи, поразбрка