а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попрошири

попрошират
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да стане малку пошироко.
Англиски: widen
Примери:
Тој го попрошири станот.
2. Зголеми малку по обем, по број.
Англиски: extend
Примери:
Организаторот ја попрошири програмата на фестивалот.
3. Распространи, засили малку, донекаде.
Англиски: expand
Примери:
Тој го попрошири своето влијание во фирмата.
4. (се попрошири) Се рашири малку, донекаде.
Англиски: widen
5. (се попрошири) Се зголеми малку по обем, по број.
Англиски: extend, expand
Изведенки
попроширува несв.
(се) попрошируваат