а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попресуши

попресушат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За извор, вода, река - тече со помал интензитет.
Примери:
Летото реката во селото попресуши.
2. Исчезне малку, изгуби малку силина.
Примери:
Неговата фантазија попресуши.
3. Исуши малку повеќе одошто треба.
Примери:
Како да си ги попресушила алиштата, тешко се пеглаат.
4. (се попресуши) Се пресуши малку, донекаде.
Изведенки
попресушува несв.
(се) попресушуваат