поплука
поплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24181
1.
Плука малку, некое време.
Примери:
Тој сакаше да поплука, ама плунка не му излезе од уста.
2.
Навреди, понижи некого.
Примери:
Сите го поплукаа арамијата.
Изведенки
поплукува несв.
поплукуваат
Пример:
Тој си поплукува во дланките.