а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

понесе

понесат; понеси, понесете; понесов, понесоа; понесол, понел; (ќе) понесев, (ќе) понесеа; (ќе) понесел, (ќе) понел; понесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2303
1. Тргна носејќи нешто со себе; земе за раце или подигне нешто и тргне во определен правец.
Англиски: carry Албански: marr, mbart
Примери:
Ќе понесеше јадење и цел ден остануваше во својата нива.
Тој им набројуваше кои работи да ги понесат.
Тој го фати под мишка и го понесе.
Го крена детето заспано и го понесе дома.
2. За вода, ветар - повлече, однесе со себе некого, нешто со силата на движење.
Англиски: drag Албански: mbart, tërheq
Примери:
Ветрот ненадејно го понесе детското летало.
3. Земе на себе (задача, одговорност), преземе, поднесе.
Англиски: carry Албански: marr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа постојано одговараше дека е уште премногу млада за да го понесе врз себе бремето на брачниот живот.
Ајде да не го товариме, не ќе може да го понесе товарот.
Така тој најде ближен што го понесе на плеќи сето она што може да му го влее лутината.
4. Добие, заслужи награда и сл.
Англиски: carry Албански: marr, fitoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа е довојката која во неделата вечер на гала церемонија ја понесе титулата Мис на светот.
Нивниот ансамбл ја понесе наградата за најдобро уметничко остварување.
Тој ја понесе славата на друг човек.
5. Опфати, обземе некого нешто.
Англиски: carry Албански: marr, zë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се стрча, срипа, го понесе паника.
Тука го подзеде, го понесе турканицата, го исфрли во луѓето.
6. занесе, опие
Англиски: carry away Албански: marr, deh
Примери:
Се пушташе да го понесе таа сладосна замреност.
Сонот за миг ја обзеде и понесе.
7. (се понесе) За звук - брзо рашири, се разнесе.
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Насекаде се понесе милозвучната песна на птицата.
Изведенки
понесува несв.
(се) понесуваат