понапред
Вид збор: Прилог
Ранг: 5683
1.
Со просторно значење - компаратив од напред.
Излезе понапред и со неколку чекори слезе до врбите.
Спротивно од:
поназад (прил.)
2.
Со временско значење - порано.
Сети се што зборуваше понапред, а што правиш сега.
Таа и понапред идеше тука со писма.
Слично со:
порано (прил.)