помисли
помислат; помислам, помислите; помисливме; помислил; помислен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 405
1.
Се задржи со мислите на нешто; падне на ум некаква мисла, сеќавање.
Англиски:
consider
Албански:
mendoj, konsideroj
Тој помисли да се врати назад во своето родно место.
Таа помисли на мајка си, што прави сега сама дома.
2.
Се погрижи за нешто.
Примери:
Треба да помислите и на учењето.
Помисли малку - што ќе биде утре?
3.
Мисли извесно време.
Англиски:
think
Албански:
mendoj, kujtoj
Тој помисли, помисли, па одговори на прашањето.
4.
(се помисли) Помине малку време во мислење.
Англиски:
think
Албански:
mendoj, kujtoj
Таа се помисли добро дали да ја прифати неговата понуда.
Обвинетиот се помисли малку и ја призна грешката.
Еве, помисли се за момент, прашањето не е ни малку едноставно.
Изведенки
1.
помислува несв.
(се) помислуваат
(се) помислуваат
2.
помислување ср.
глаг. им.
глаг. им.