ползи
ползат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8291
1.
(за животно влечуга) лази, се влече
Примери:
Змијата ползи по земјата.
Полжавите ползеа по тревата.
Слично со:
лази (несв.)
2.
(за човек, дете) лази, се влече
Примери:
Детето ползи по креветот.
Сега на старост ползи како дете.
3.
Се обвива, виејќи се околу нешто друго, за растение (ползавец).
Примери:
Бршленот ползи по предниот ѕид на куќата.
Во градината имаше цветни, мирисливи растенија што ползат.
4.
Се движи полека, настапува, напредува полека.
Примери:
Огнот ползеше по покривите.
Маглата ползеше по стрништето.
5.
Се потчинува пред некого.
Примери:
Сите ползат пред царот.
Таа ползеше пред него, а тој не ја погледнуваше.
Слично со:
потчинува (несв.)
6.
Прави нешто многу полека.
Примери:
Камионите едвај ползеа по стрмниот пат.
Изведенки
ползење ср.
глаг. им.
глаг. им.