а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пои

појат; пој, појте; поев, поеја; поел; поен; поејќи; поење; појав, појаа; појал; појан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7938
1. Дава вода да пие на добиток; води на поило.
Англиски: water Албански: ujit
Примери:
Секое утро ги пои кравите на потокот.
Пазарџиите го поеја добитокот со вода.
2. Дава вода или некаква течност некому (на човек)
Албански: i jap të pijë
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа ги пои децата со природни сокови.
Таа го пои со чај од горки треви за да оздрави.
3. Дава некому да пие, го чести.
Албански: i jep të pijë
Примери:
Ние ги поевме со вино и со ракија, а сега не нѐ погледнуваат.
4. Натопи, засити со вода, наводни.
Англиски: soak Албански: zhyt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Снеговите ја појат земјата со вода.
Нил ја пои пустината.
5. Напои, вдахне со некое убаво чувство, со искуство или со знаење.
Англиски: soak Албански: zhyt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дедото ги поеше внуците со добрина.
Овие средби го поеја со тага.
Мајката со љубов ги поеше и со насмевка ги растеше.
Со крв ја поевме нашата земја, затоа нашата слобода е крвава.