позагрее
Види и:
загрее (св.)
позагреат; позагреј, позагрејте; позагреав, позагреаја; позагреал; позагреан; (ќе) позагреев, (ќе) позагрееја; (ќе) позагреел; позагреен
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Загрее малку повеќе.
Англиски:
heat up
Албански:
nxeh më tepër
Таа го позагреа млекото, а такво жешко никој не можеше да го пие.
2.
Воодушеви, заинтересира многу некого за нешто.
Примери:
Тој ги позагреа сите за спорт.
Идејата го позагреа и умот му беше само за таа работа.
4.
(се позагрее) Се заинтересира, се воодушеви за нешто во поголем степен.
Примери:
Тој се позагреа за патувањето.