а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

позагрее

позагреат; позагреј, позагрејте; позагреав, позагреаја; позагреал; позагреан; (ќе) позагреев, (ќе) позагрееја; (ќе) позагреел; позагреен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Загрее малку повеќе.
Англиски: heat up Албански: nxeh më tepër
Примери:
Таа го позагреа млекото, а такво жешко никој не можеше да го пие.
2. Воодушеви, заинтересира многу некого за нешто.
Англиски: heat up Албански: nxeh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги позагреа сите за спорт.
Идејата го позагреа и умот му беше само за таа работа.
3. (се позагрее) Се загрее малку повеќе.
Англиски: heat up Албански: nxeh më tepër
4. (се позагрее) Се заинтересира, се воодушеви за нешто во поголем степен.
Англиски: heat up Албански: nxehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се позагреа за патувањето.