подрасчекорат; подрасчекорил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 42011
1.
Расчекори малку повеќе.
Примери:
Се потпре на ѕидот и ги подрасчекори нозете.
2.
(се подрасчекори) Се расчекори малку повеќе.
Примери:
Се подрасчекори, ја грабна мотиката и почна да копа.