а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подигне

подигнат; подигни, подигнете; подигнав, подигнаа; подигнал; подигнат; (ќе) подигнев, (ќе) подигнеа; (ќе) подигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1756
1. Дигне, крене на мала височина.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Тој ја подигна торбата и сети дека е многу тешка.
Го подигнал златниот пехар и одлеал од виното во чест на боговите.
2. Поткрене, истави тоа што е со нешто поклопено, покриено.
Англиски: lift Албански: ngre
Примери:
Ја подигна тешката плоча под која лежеше телото на загинатиот.
Младоженецот ѝ го подигна велот на невестата и ја бакна.
3. Крене и стави, постави во вообичаена положба тоа што е паднато, спуштено наведнато (на пр. облека што се носи).
Англиски: lift Албански: ngre
Примери:
Мајката му ги подигна панталончињата на детето.
4. Крене дел од телото.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Таа ја подигна главата од книгата само за момент и пак продолжи да чита.
Тој ги подигна очите и го виде својот брат насмеан и весел.
5. Крене поглед, глас.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Жената го подигна гласот и викна силно по човекот што одминуваше.
Детето го подигна погледот кон неа молејќи за прошка.
6. Помогне некому да стане.
Англиски: lift Албански: ngre
Примери:
Болничарот го подигна болниот на нозе.
Полицаецот го подигна обвинетиот од столчето.
7. Изгради, издигне градежен објект (куќа, зграда, споменик).
Англиски: build Албански: ndërtoj
Примери:
Граѓаните подигнаа ново училиште на местото на изгореното.
Соседот подигна ѕид меѓу нашите две куќи.
Вдовицата подигна црква на местото каде што ѝ загинаа мажот и синот.
8. Земе нешто од некаде, обично документи или парични средства.
Англиски: pick up Албански: marr
Примери:
Тој ги подигна сите пари од банка.
Таа ги подигна билетите од касата на театарот.
Девојката го подигна пакетот од пошта.
Ние ја подигнавме дозволата за градба од општината.
9. одгледа, изгледа
Англиски: raise Албански: ngre
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дедо ми сам ги подигнал своите и децата на брат му, кој загинал во војната.
10. Повиши, покачи ниво, подобри услови за живот, за работа и сл.
Англиски: increase Албански: rrit
Примери:
Во последните две години ние го подигнавме својот стандард.
Вработените ја подигнаа продуктивноста на трудот со вонредни напори.
11. Крене определен број на квадрат, куб, четврти степен и сл.
Англиски: raise Албански: ngre
Употреба: Математика
Примери:
Синоќа температурата му се подигна на 40 степени.
12. (се подигне) Се крене повисоко, стане од седната или легната положба.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Гостинот се подигна од масата, сакаше нешто да рече, но без збор пак седна.
Тој се подигна на прсти.
13. (се подигна) Дојде во претходна положба.
Англиски: recover Албански: rigjej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Фамилијата материјално пропадна, но со усилби на сите членови од семејството се подигна на нозе.
14. (се подигна) Се подобри, дојде на повисок степен од порано.
Англиски: improve Албански: përmisoj
Примери:
Општата култура на народот се подигна на повисоко ниво.
15. (се подигна) За расположение, дух, настроение и сл.
Англиски: improve Албански: përmisoj
Примери:
Расположението на гостите значително се подигна со доаѓањето на новите забавувачи.
Изрази
Подигне бунт - востание.
Подигне врева - шум.
Подигне рака на себеси (на некого) - се убие / убие некого.
Подигне глава - крене.
Подигне глас - изрази несогласување, негодување, протест.
Подигне обвинение (тужба) - поднесе обвинение (тужба) против некого (до суд, надлежен орган).
Подигне очи - погледне, насочи поглед.
Изведенки
1. подигнува несв.
(се) подигнуваат
2. подигнување ср.
глаг. им.