а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подзасолне

подзасолнат; подзасолни, подзасолнете; падзасолнав, подзасолнаа; подзасолна; подзасолнат; (ќе) подзасолнев, (ќе) подзасолнеа; (ќе) подзасолнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 40587
1. Засолне малку, прикрие, сокрие донекаде.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Ги подзасолна пушките под насечените гранки.
2. Заштити малку, донекаде.
Англиски: shelter Албански: strehoj, mbroj
Примери:
Ги подзасолна децата од дождот под тремот на куќата.
Од силното сонце ги подзасолна очите со гранката.
3. (се подзасолна) Се засолна, се прикри негде малку, донекаде.
Англиски: shelter Албански: strehoj
Примери:
Се подзасолнавме во грмушките покрај патот додека не помине потерата.
4. (се подзасолна) Се прикрива зад нешто, зад некого.
Англиски: hide Албански: fshihem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се подзасолна зад неговите идеи, не истапи сам.
Изведенки
подзасолнува несв.
подзасолнуваат