подбутне
подбутнат; подбутни, подбутнете, подбутнав, подбутнаа, подбутнал, (ќе) подбутнев, (ќе) подбутнеа, (ќе) подбутнел, подбутнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 40147
1.
Турне, оттурне нешто малку, слабо.
Англиски:
push
Подбутни го креветот уште малку накај ѕидот.
Ги подбутна дрвата во огнот подобро да горат.
Слично со:
поттурне (св.)
2.
Помогне некому во работа, во напредување.
Примери:
Да го подбутнеме малку на почетокот, потоа сам ќе тера.
Слично со:
помогне (св.)
3.
Отфрли, престане да води сметка за некого.
Примери:
Го подбутнаа човекот сам да живее на село.
4.
(се подбутне) Се турка заемно по малку, во одредена мера.
Англиски:
push
Девојките се подбутнаа една со друга, се погледнаа и се закикотија.
Изведенки
1.
подбутнува несв.
(се) подбутнуваат
(се) подбутнуваат
2.
подбутнување ср.
глаг. им.
глаг. им.