повика
повикаат; повикал; повикан, повикани
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1115
1.
Упати усна или писмена покани.
Примери:
Го повикале цело село на свадба.
Ги повикал роднините на вечера.
Слично со:
покани (св.)
2.
Упати повик, се обрати до некого.
Примери:
Ме повикаа по телефон.
Ги повика децата да се приберат дома.
Го повика келнерот да му плати.
Слично со:
викне (св.)
3.
Упати повик, обраќање, апел.
Примери:
Ги повика граѓаните на соработка.
Слично со:
апелира (св. и несв.)
4.
Вика малку, кратко време.
Примери:
Повика малку додека му помина лутината.
5.
(се повика) Приведе, посочи нешто или некого (договор, закон, сведок) како потврда, доказ за своите искажувања, ставови.
Изведенки
1.
повикува несв.
(се) повикуваат
(се) повикуваат
2.
повикување ср.
глаг. им.
глаг. им.