плоча
мн. плочи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1433
1.
Плоската и танка површина од некој материјал.
Примери:
надгробна плоча
мермерни плочи
камени плочи
бетонска плоча
2.
Големи земјени блокови, дел од литосферата, што постојано се движат и на тој начин го обликуваат релјефот на Земјата.
Примери:
тектонска плоча
3.
Кај грамофонот - поливинилски плоскати предмети од кои се репродуцира музика.
Примери:
грамофонски плочи
Изрази
Смени плоча - смени тема на разговор, кажи нешто друго.
Од мртов коњ плочи сака - бара нешто од кај што не може да го добие.
(ирон.) Ги фрли плочите - умре.
Спомен-плоча - обочно мермерна плоча со натпис што се поставува на место врзано со познат историски настан или со позната личност.
Шпер-плоча (панел-плоча) - слепена под силен притисок танка дрвена плоча.
Изведенки
1.
плоче ср.
(едн.)
дем. и хип.
(едн.)
дем. и хип.
2.
плоченце ср.
(едн.)
дем. и хип.
(едн.)
дем. и хип.