пладнува
пладнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 17189
1.
За добиток - лежи, не се движи, одмора на пладне.
Албански:
mërzej, pushoj
Овците пладнуваат под сенките на буковата корија.
Горештината фати, однеси ги овците да пладнуваат.
2.
За човек - одмора на пладне, починува.
Примери:
Уморните жетвари пладнуваа.
И седнало детето под една сенка да пладнува.
3.
денгуби
Примери:
Пладнува наместо да се фати за работа.
Уште ли ќе пладнуваш, фати работа!
Изрази
(посл.) Којшто лете пладнува, зиме гладува.