печали
печалат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5676
1.
(непреод. и преод.) Заработува со труд.
Примери:
Одел на туѓина, работел, печалел.
За вас, деца, сум печалел.
Мравката и пчелата не учат како се печали.
Печали време.
2.
добива, ќари
Примери:
Кој губи, а кој печали?
3.
(се печали) се труди, се обидува
Англиски:
try
Албански:
tentoj, provoj
Секој ќе се печали да добие.
Слично со:
обидува (несв.)
Изрази
(посл.) Мачници печалеле, немачници јале.
(разг.) Не печалиш пари!
(разг.) Печали убава пара - добро заработува.