пес
мн. пци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1443
1.
Едно од најстарите домашни животни.
Употреба:
Зоологија
Примери:
Песот лае непрекинато.
глутница пци
виење на пес
овчарски пес
верен пес
Вид: животно (ср.)
2.
проклет човек
Примери:
Ќе има ли куртул од тој пес.
Се намножиле, пците!
Песу еден!
Изрази
Тоа ни пците не го јадат - лошо јадење.
Кога беше волкот пес (посл.)
Пес да врзеш, не седи - лоши услови.
Поминал како пците на Василица.
Гладен како пес - ептен изгладнет.
Верен како пес - многу верен.
Пците по сокаците поарно живеат - лоши услови за живеење.
Уморен како пес - сосема уморен.
И го убил (отепал) како пес - без жал.
Пес од касапница мачно се одделува (посл.)
Пци те јале! (клетва)