пелин
(едн.) пелинот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8287
1.
Ароматично растение со лековити својства и горчлив вкус.
Примери:
(нар. поез.) Во ливада ковил до колена, пелин до рамена.
(разг.) Горчи како пелин.
(ирон.) Благ како - пелин!
Вид: билка (ж.)
2.
отров
Примери:
Пелин ми е во душава.
Аманте, браќа, само крајот да ми го најдете, да пелин ако сакате дајте ми.
Слично со:
отров (м.)
Изрази
(посл.) Синот е пелин, зетот е мед.
(разг.) Отров и пелин да му се стори!