патријарх
мн. патријарси
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8293
1.
Титула и духовно лице со таква титула - коешто е на чело на самостојна православна црква.
Примери:
Патријарх на Македонската православна црква.
Патријархот на Руската православна црква.
Патријарх на Српската православна црква.
На патријархот му се обраќа со: „Ваша Светлост!“.
2.
Стар и истакнат човек што важи како авторитет во некоја дејност или област.
Примери:
патријарх на македонската писменост
патријарх на славистиката