папок
мн. папоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3129
1.
Вдлабнатина во средишниот дел на мевот што се јавува како последица на прекинување на папочната врвца.
Примери:
Гол до папок.
Лекарот го погледа папокот на детето.
Изрази
Тука му е врзан панокот - стално седи (работи) на едно место.
Папокот му побегна за јадење (од стрвост).
Не ти кладов жар на папокот!
Насреде тапан зрно сочиво - гатанка за папок.