а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

памет

(едн.) паметта
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7791
1. Моќ да се запазуваат и репродуцираат во свеста поранешни впечатоци.
Англиски: memory Албански: memorje, kujtes
Примери:
Тој има силна памет.
(разг.) На памет напамет.
2. (обично м.) ум, разум
Англиски: reason Албански: mend
Примери:
(разг.) Ме извади од памет.
Мy дојде памет.
Како ти фаќа паметот?
Кус е во паметот.
3. (обично м.) мисла
Англиски: thought Албански: mendje
Примери:
(разг.) Ти се чудам на паметот!
Уште му лета паметот.
4. совет, поука
Англиски: suggestion Албански: mend, këshill
Употреба: Разговорно
Примери:
Од тебе памет нејќам.
Ова ќе му биде за памет.
(разг.) Продава памет.
5. сеќавање, спомен
Англиски: remembrance Албански: mban mend, kujtesë
Изрази
Даде памет некому - посоветува, поучи некого.
Не му иде паметот - не се опаметува.
Извади од памет некого - Го исплаши многу, го вчудовиде.
Кај ти беше паметот? - како си можел така лошо да постапиш, требало да размислиш.
Кус е во паметот - не е (многу) паметен, умствено е ограничен.
Уште му лета паметот - уште е млад, неискусен.
Научи некого на памет - вразуми, присили некого добро да размисли, да прифати нешто.
Ми остана во паметот - добро запамети.
(Не) му (ми, ти...) падна (дојде) на памет - не се сети.
Ни на крај памет не ми падна (дојде) - воопшто не се сети, не помисли.
Продава/соли памет некому - се прави многу паметен, мудар, многу искусен.
Му сече паметот - добро се разбира во нешто, има дарба.
Како ти фаќа паметот? - што мислиш (за нешто, за некоја работа).
Ти се чудам на паметот - не можам да те разберам, не го сфаќам тоа што го правиш.
Му штукна/летна паметот - Изгуби разум, се избезуми (од нешто, по нешто).
Изведенки
памет м.
паметот