памет
(едн.) паметта
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7791
1.
Моќ да се запазуваат и репродуцираат во свеста поранешни впечатоци.
Англиски:
memory
Албански:
memorje, kujtes
Тој има силна памет.
(разг.) На памет напамет.
Слично со:
меморија (ж.)
2.
(обично м.) ум, разум
Примери:
(разг.) Ме извади од памет.
Мy дојде памет.
Како ти фаќа паметот?
Кус е во паметот.
3.
(обично м.) мисла
Примери:
(разг.) Ти се чудам на паметот!
Уште му лета паметот.
Слично со:
мисла (ж.)
4.
совет, поука
Примери:
Од тебе памет нејќам.
Ова ќе му биде за памет.
(разг.) Продава памет.
Слично со:
совет (м.)
Изрази
Даде памет некому - посоветува, поучи некого.
Не му иде паметот - не се опаметува.
Извади од памет некого - Го исплаши многу, го вчудовиде.
Кај ти беше паметот? - како си можел така лошо да постапиш, требало да размислиш.
Кус е во паметот - не е (многу) паметен, умствено е ограничен.
Уште му лета паметот - уште е млад, неискусен.
Научи некого на памет - вразуми, присили некого добро да размисли, да прифати нешто.
Ми остана во паметот - добро запамети.
(Не) му (ми, ти...) падна (дојде) на памет - не се сети.
Ни на крај памет не ми падна (дојде) - воопшто не се сети, не помисли.
Продава/соли памет некому - се прави многу паметен, мудар, многу искусен.
Му сече паметот - добро се разбира во нешто, има дарба.
Како ти фаќа паметот? - што мислиш (за нешто, за некоја работа).
Ти се чудам на паметот - не можам да те разберам, не го сфаќам тоа што го правиш.
Му штукна/летна паметот - Изгуби разум, се избезуми (од нешто, по нешто).
Изведенки
памет м.
паметот
паметот