а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пакет

мн. пакети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4509
1. Завиткано и спакувано нешто.
Англиски: packet Албански: pako
Примери:
Пакет кибрити.
Новогодишен пакет завиткан во шарена хартија, врзан со панделка.
Курирот однесе пакети книги во пошта.
Имаше тутун во пакети и во кутија.
2. Поштенска пратка
Англиски: packet Албански: paketë
Примери:
Поштенски пакет.
Изрази
Пакет-аранжман - аранжман за патување во кој влегува цената за патување, сместување и престој.
Пакет-мерки/закони - мерки или закони, одлуки што се донесуваат истовремено и се спроведуваат заедно.