а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пазува

мн. пазуви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2716
1. Местото меѓу градите и алиштето.
Англиски: bosom Албански: gjoks, sqetull
Примери:
Си го зело детето книжето и си го клало во пазувата.
Ја извадил шамијата од пазувата.
2. Алиштето над градите; воопшто гради, кај маж и жена.
Албански: gjoks
Примери:
Ми го грабна јунак за пазуви.
3. крило, закрила, заштита
Англиски: protection Албански: mbrojtje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мајкина пазува.
Изрази
(разг.) Од устата во пазувата! - како одговор на фрлената клетва.
Топла му е нему пазувата - има пари, материјално добро стои.
Чува змија во пазува.
Те љуби како снег в пазува - не те сака.
Плукни си во пазувата - се вели на оној кој се плаши.
(разг.) Растен е како во мајкина пазува - мазен е.
Нема пазува - нема заштита.