а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отпушти

отпуштат; отпуштил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4764
1. Престане да држи, пушти, испушти нешто од рака.
Англиски: release Албански: liroj
Примери:
Таа за момент го отпушти детето и тоа падна.
Домаќинката ја отпушти чинијата и таа се скрши.
2. Разлабави, пушти да виси.
Англиски: relax Албански: lehtësoj
Примери:
Коњаникот се оддалечи од коњот и ја отпушти уздата.
3. Даде некому отказ од работа.
Англиски: dismiss Албански: shkarkoj
Примери:
Сопственикот ги отпушти работниците од работа поради кризата во таа стопанска гранка.
4. Ослободи, пушти некого од служба, од војска, од затвор, од болница и сл.
Англиски: release Албански: shkarkoj
Примери:
Претседателот отпушти од затворот дваесет затвореници во чест на празникот.
Стариот го отпуштиле од болница како безнадежен случај.
5. Олабави, ослободи од напнатост.
Англиски: relax Албански: lehtësoj
Примери:
Таа ги отпушти рацете и заспа.
Чистиот воздух го отпушти.
6. Пушти во промет, даде за користење.
Англиски: release Албански: lehtësoj
Примери:
Банката отпушти нови банкноти.
7. Отстрани препрека, овозможи протек, излез.
Англиски: release Албански: lehtësoj
Примери:
Земјоделецот ја отпушти водата од каналот за да го наводни полето.
Мајсторот ја отпушти водата од болјерот за да може да го поправи.
Локомотивата отпушташе црн чад.
8. Се издели во резултат на хемиска реакција.
Англиски: release Албански: lehtësoj
Примери:
Атомите на елементите со мал број електрони во надворешниот електронски слој, за разлика од атомот на јаглеродот, лесно отпуштаат електрони.
9. (се отпушти) Престане да се држи.
Албански: liroj
Примери:
Гимнастичарот се отпушти од вратилото и падна.
10. (се отпушти) Пушти од рака.
Албански: liroj
Примери:
Детето се отпушти од мајката и падна.
11. (се отпушти) се ослободи
Англиски: free Албански: i liruar
Примери:
Кучето само се отпуштило од синџирот и избегало.
12. (се отпушти) се разлабави, се олабави
Албански: lehtësoj
Примери:
Вентилот се отпуштил сам и почнало да тече силна вода.
13. (се отпушти) Престане да се стега, да се држи здрвено, се релаксира.
Англиски: relax Албански: relaksohet
Примери:
Таа разочарано се отпушти на фотелјата.
По масажата нозете му се отпуштија.
14. (се отпушти) Каже нешто неконтролирано, се искаже, престане да се воздржува.
Албански: liroj
Примери:
Не можеше повеќе да молчи, се отпушти и сè им изнакажа.