а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отпрета

отпретаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23900
Растрга земја, пепел од нешто што било запретано.
Примери:
Жената го отпрета жарот од пепелта, па го поклопи со куп прачки.
Стариот отиде во визбата и отпрета неколку јаболка од сламата.
Кокошката отпрета едно зрно.
Изведенки
1. отпретува несв.
отпретуваат
2. отпретување ср.
глаг. им.