а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оти

Вид збор: Сврзник
Ранг: 619
1. За поврзување зависносложени причински реченици - затоа што, заради тоа што.
Англиски: because
Употреба: Разговорно
Примери:
Јас не дојдов оти бев болен.
Оти не знаеја ништо, тие не положија.
2. За надоврзување, со вметната реченица, при дообјаcнување - затоа што, заради тоа што.
Англиски: because
Употреба: Разговорно
Примери:
Оти, како што гледате, за нас не постојат пречки.
Оти, колку што знам јас, таму нема веќе што да се бара.
3. Во исказни (декларативни) зависносложени реченици.
Англиски: that
Примери:
Видов оти сакаш да градиш куќа.
Тој дозна оти таа може да му помогне во работата.
4. За искажување неверување и сомнеж, со негација.
Англиски: that
Примери:
Не оти ќе дојде.
И да видам не верувам.
Не оти ќе учи.