оружје
мн. оружја
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1012
1.
Средство за одбрана или напад.
Примери:
лесно оружје
тешко оружје
атомско оружје
2.
Средство за постигнување на некоја цел.
Примери:
Знаењето и искуството е неговото најсилно оружје.
Не избира оружје за да ја постигне својата цел.
Слично со:
средство (ср.)
Изрази
Се фати за оружје - поведе борба.
Ѕвечка со оружје - се заканува со војна.
Под оружје - наоружан.
Го положи оружјето - се предаде.
Студено (ладно) оружје - оружје без експлозивно полнење (сабја, нож, меч); спротивно од огнено оружје.