оправдание
Види и:
оправда (св.)
мн. оправданија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 11983
1.
причина, основаност
Примери:
Се во светот си имаше свое место и свое оправдание.
Сега веќе немам никакво оправдание да го бранам.
Слично со:
основаност (ж.)
2.
Оправдување, образложение, доказ за некаква постапка.
Примери:
Напразно бараше некакво оправдание за својата кривица.
Имав добро оправдание за мојата нерешителност.
Тој достави оправдание за своето отсуство.