а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опна

мн. опни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 17239
1. Тенка кожичка со која е обвиено ткивото, некој орган; заштитна обвивка на клетка.
Англиски: skin Албански: cipë
Употреба: Биологија
Примери:
Тогаш опната на јајцето пука и излегува ларвата.
2. Тенка, еластична кожичка или плочка што служи за пренеcување на звучните вибрации или за одделување на две средини.
Англиски: membrane Албански: membranë
Употреба: Физика
3. Обвивка, мембрана воопшто.
Англиски: membrane Албански: membranë
Примери:
Низ топлата опна на клепките, белината на денот станува проѕирна.
Изрази
Ушна опна - еластична кожичка меѓу надворешниот ушен канал и средното уво.