а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оној

Вид збор: Заменка
Ранг: 492
1. За покажување некого или нешто што го гледаме во моментот на зборувањето, но што не се наоѓа во наша непосредна близина.
Англиски: that Српски: онај Албански: ai Бугарски: онова
Примери:
Ја зеде својата лампа и ја управи светлината кон оној дел од масата, кај што седеше жената.
Онаму, во оној ќош, сите спијат.
2. За покажување некого или нешто просторно и временски оддалечено, но веќе споменато или познато.
Англиски: that Албански: ai
Примери:
Вратата на неговата канцеларија не е отворена од оној ден.
Водата успеала да го добие оној вкус што се чувствува кога ќе помине низ пепел.
3. При претходно определување.
Англиски: this Албански: ky
Примери:
Ги отвори скриптите на истата онаа страница на која беше запрел.
Го носеше оној жолт фустан без ракави.
4. За потсилување на изразот, за потенцирање.
Албански: ai
Примери:
Го гледаш оној високион човек онаму?
5. Само во среден род - со извесна модалност.
Албански: ai
Примери:
Дај го она весникон да го прегледам малку.
6. (како им.) Наместо име што не сака да се спомене, што се избегнува.
Албански: ai
Примери:
Му кажа ли на оној што мислам за неговата постапка?
Изрази
На оној свет - задгробен живот.
Изведенки
1. оној м.
2. онаа ж.
3. она ср.