а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

олади

оладат; оладил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7987
1. Направи нешто да биде ладно.
Англиски: cool off Албански: ftoh
Примери:
Млекото е жешко за него, олади го малку.
2. Направи некој да стане свеж.
Англиски: refresh Албански: freskoj
Примери:
Сладоледов ме олади, си дојдов на себеси.
3. Направи да спласне, да се смали некое чувство, расположение.
Англиски: calm Албански: zbut
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не возбудувај се премногу, олади го срцето.
4. (се олади) Излади.
Англиски: cool off Албански: ftoh
Примери:
Ајде да ручаме, јадењето се олади.
5. (се олади) Се освежи.
Англиски: refresh Албански: freskoj
Примери:
Се изми и се олади од патувањето.
6. (се олади) За чувства - стане воздржан.
Англиски: cool off Албански: ftoh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нешто се случи, се оладија кон него.
Изведенки
1. оладува несв.
(се) оладуваат
2. оладување ср.
глаг. им.