одраз
мн. одрази
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3925
1.
Одразена слика на нешто во некоја мазна површина (огледало, стакло, вода).
Примери:
Таа седеше на карпата и гледаше во својот одраз во водата.
2.
одблесок, отсјај
Англиски:
reflection
Албански:
reflektim
Полната месечина имаше прекрасен сребрен одраз на средината од езерото.
Слично со:
одблесок (м.)
3.
Резултат, последица, реакција од нешто.
Примери:
Тоа наше примитивно однесување кон природата, таа наша неодговорност, е одраз на нашата ниска култура, одраз на нашата неизградена свест.
Таквите случувања имаат негативен одраз во јавноста.
4.
Движење со потиснување на стапалата на земја при скок.
Примери:
Гимнастичарот имаше лош одраз, за малку не се повреди.
Изрази
Теорија на одразот - гносеолошка теорија според која спознавањето е одраз на околниот, реалниот свет во свеста на човекот.