а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одраз

мн. одрази
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3925
1. Одразена слика на нешто во некоја мазна површина (огледало, стакло, вода).
Англиски: reflection Албански: reflektim, pasqyrim
Употреба: Физика
Примери:
Таа седеше на карпата и гледаше во својот одраз во водата.
2. одблесок, отсјај
Англиски: reflection Албански: reflektim
Примери:
Полната месечина имаше прекрасен сребрен одраз на средината од езерото.
3. Резултат, последица, реакција од нешто.
Англиски: result Албански: efekt
Употреба: Спорт
Примери:
Тоа наше примитивно однесување кон природата, таа наша неодговорност, е одраз на нашата ниска култура, одраз на нашата неизградена свест.
Таквите случувања имаат негативен одраз во јавноста.
4. Движење со потиснување на стапалата на земја при скок.
Англиски: take-off Албански: kërcim
Употреба: Спорт
Примери:
Гимнастичарот имаше лош одраз, за малку не се повреди.
Изрази
Теорија на одразот - гносеолошка теорија според која спознавањето е одраз на околниот, реалниот свет во свеста на човекот.