одмилее
одмилеат; одмилеав, одмилеаја; одмилеал; одмилеан; (ќе) одмилеев, (ќе) одмилееја; (ќе) одмилеел; одмилеен
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Направи некој или нешто да престане да му е мил(о) некому.
Албански:
dal nga zemra
Таа му ги одмилеа некогашните пријатели.
2.
(со кратка личнозаменска форма) Престане да е мил некому.
Албански:
del hujit
Тој им одмилеа на роднините.
3.
(се одмилее) (со кратка личнозаменска форма) Престане да му се милее.
Албански:
del nga zemra
По таа случка и одморот ми се одмилеа.
Му се одмилеа гостите.