одливник
мн. одливници
Вид збор: Именка, машки род
1.
Предмет низ којшто насочено истекува вода.
Примери:
Металните одливници тропаа од дождот.
Слично со:
олук (м.)
2.
Место каде што насочено истекува вода.
Англиски:
gutter
Албански:
therkë, kanal
Во дворот имаше цементиран одливник каде што се собираше водата.