а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одговори

одговорат; одговорам; одговорил; одговорајќи
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 521
1. Даде одговор на поставено (усно или писмено) прашање.
Англиски: answer Албански: përgjigje
Примери:
Ученикот одговори точно на сите прашања.
Таа ништо не одговори.
Старецот одговори со тажен глас.
2. Испрати писмо во одговор на примено писмо.
Англиски: respond Албански: përgjigjet
Примери:
Таа не му одговори на последното писмо.
3. Се одзве на барање, молба, повик и сл.
Англиски: return Албански: përgjigjet
Примери:
Тој одговори на сите телефонски повици.
Никој не одговори на неговите молби и барања.
4. Објави текcт во весник, списание и сл. како одговор на објавен текст од некого.
Албански: raporton
Примери:
Новинарот веднаш ми одговори во истиот весник.
5. Постапи на некој начин како одговор, реакција на нешто (на нечија постапка).
Англиски: return Албански: përgjigjet
Примери:
На љубовта му одговорив со љубов.
Затропа на вратата, но никој не му одговори.
Таа не одговори на неговото развикување.
Таа ми одговори со нишкање на главата.
Тој му одговори на својот другар со свиреж.
Партизаните не одговорија на огнот.
6. Исполни, изврши примена должност, обврска, задача.
Англиски: suit Албански: përgjigjet
Примери:
Тој не беше подготвен да одговори на таква задача.
Таа не одговори на своите обврски.
Изведенки
одговорува несв.
одговоруваат