одвлече
одвлечат; одвлечи, одвлечете; одвлеков, одвлекоа; одвлекол, одвлекле; одвлечев, одвлечеа; одвлечел; одвлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6734
1.
Со влечење однесе нешто некаде, до определено место.
Примери:
Тој го одвлече сандакот во другиот агол на собата.
Вреќите со брашно ги одвлековме во подрумот.
2.
Одведе, однесе некого со сила, влечејќи.
Примери:
Го фати детето за уво и го одвлече надвор.
Го подигнаа старецот и го одвлекоа дома.
Слично со:
одведе (св.)
3.
За мисла, внимание, поглед - оттргне, одврати од нешто.
Примери:
Таа ми го одвлече вниманието од работата.
Книгата ѝ ги одвлече мислите од секојдневните грижи.
Слично со:
оттргне (св.)
4.
(се одвлече) Одвај отиде, замине со влечење.
Примери:
Одвај се одвлеков до постела.
Се одвлече накај куќата.
5.
(се одвлече) Се оттргне од нешто, заборави на нешто.
Примери:
За миг се одвлече од разговорот и се поздрави со нас.
Не можеше да се одвлече од минатото.
Изведенки