а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одведе

одведат; одведи, одведете; одведов, одведоа; одвел; одведев, одведеа; одведел; одведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1406
1. Однесе некого од едно место на друго.
Англиски: lead Албански: shpie, çon
Примери:
Таа ги одведе гостите во гостинската соба.
Заробениот војник го одведоа кај командантот.
Тој го одведе добитокот на пасење.
2. Однесе некого некаде следејќи пат, траги.
Англиски: lead Албански: shpie
Примери:
Патот нѐ одведе во едно запустено село.
Трагите го одведоа кучето до ранетата лисица.
3. Однесе некого со сила.
Англиски: lead Албански: shpie, dërgon
Примери:
Девојката ја одведоа од дома.
Заробениците ги одведоа в затвор.
4. За вода - одбие, одврати, смени тек.
Англиски: divert Албански: ndërron drejtimin
Примери:
Тој ја одведе водата од каналот.
5. Доведе до нова состојба, промени нешто.
Англиски: lead Албански: shpie, sjellë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Твојата тврдоглавост нѐ одведе до пропаст.
Долгите прошетки ми ги одведоа мислите на друга страна.
Изведенки
1. одведува несв.
одведуваат
2. одведување ср.
глаг. им.