одбере
одберат; одбери, одберете; одбрав, одбра, одбраа; одбрал; одбран; (ќе) одберев, (ќе) одбереа; (ќе) одберел; одберен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2174
Направи избор, избере, издвои нешто, се определи за нешто.
Англиски:
choose
Одбрав златен прстен со рубин.
Тој си одбра девојка од селото.
Него го одбраа за кмет.
Слично со:
избере (св.)
Изрази
Одбере гајле - престане да се грижи за некого или за нешто.