а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

огради

оградат; оградам; оградил; ограден; оградел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8759
1. Загради, опколи со ограда.
Англиски: demarcate Албански: rrethoj me gardh
Примери:
Тој го огради лозјето со бодликава жица.
Куќата ја оградија со железна ограда.
2. Зачува, претпази од нешто, востанови определен однос спрема нешто.
Англиски: insulate Албански: veçoj, distancoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Треба да ги оградиме учениците од негативните влијанија.
3. (се огради) Си направи, cи постави ограда.
Англиски: demarcate Албански: rrethoj me gardh, caktoj vijën e ndarjes
Примери:
Се оградивме со жива ограда.
4. (се огради) Се ограничи, не се сложи со нешто.
Англиски: distance Албански: distancohem, kufizohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас се оградив од неговите забелешки.