а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оган

мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 369
1. Запалена материја (дрва, јаглен) која горејќи развива топлина, светлина и чад.
Англиски: fire Албански: zjarr
Примери:
Тој запали оган.
Седнаа покрај огнот.
Огнот брзо пламна.
Огнот од цигарата му ги изгори прстите.
2. пожар
Англиски: blaze Албански: zjarr
Примери:
Силен оган беснееше во шумата.
Огнот ја зафати и нашата куќа.
3. Предмет, средство за запалување (жар, запалка).
Англиски: lighter Албански: zjarr
Примери:
Немаше оган да ја запали цигарата.
Лулето му згасна и тој побара оган да го запали.
4. (само едн.) Пукање од огнено оружје.
Англиски: fire Албански: armë zjarri
Употреба: Воен термин
Примери:
артилериски оган
митралески оган
Војниците отворија оган.
5. (само едн.) Висока телесна температура, бунило.
Англиски: fever Албански: zjarrmi, temperaturë
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Телото му гореше во оган.
Детето беше во оган и бладаше.
Огнот му спадна ноќеска.
6. пламен
Англиски: flame Албански: zjarr, flakë
Примери:
Змејот од устата фрлаше оган.
Одвај го забележа огнот од запаленото чкорче од кибрит.
7. Блесок, сјај во очите.
Англиски: shine Албански: zjarr, shkëlqim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Очите му молснаа со силен оган.
Згасна огнот во нејзините очи.
8. (само едн.) Силно чувство, страст, жар.
Англиски: passion Албански: djegë, pasion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во градите му се накреваше оган.
Во срцето ми гори оган.
Зборуваше запален од некој внатрешен оган.
Ги разгоруваат огновите на национализмот.
Изрази
Ставам две раце во оган - сосема сум сигурен.
Се фрла в оган за некого - се изложува на непријатност, опасност.
Тура масло на оган - влошува и онака лоша ситуација, од лошо прави уште полошо.
Си игра со оган - прави нешто опасно, ризично.
Се наоѓа меѓу два огна - се наоѓа во тешка, непријатна положба или ситуација кога мора да избере меѓу две зла.
Вади костење од оган за друг - се изложува на опасност заради некого, врши тешка работа за некој друг.
Оган е - многу е скапо нешто.
Оган и пламен е - за вреден, темпераментен, страстен човек.
Фестивалски оган, олимписки оган - оган со чиешто палење се означува почетокот на некоја манифестација (културна, спортска и сл.), кој гори за сето време на нејзиното одржување и се гасне со нејзиното завршување.
Оган да те (го...) изгори! - клетва.
Бега како од оган - се плаши од некого или од нешто.
Изведенки
1. оганче ср.
мн. оганчиња
дем. и хип.
2. огне ср.
мн. огниња
дем.